Ординација по општа стоматологија и естетика
Од редовни прегледи до напредни третмани, нудиме персонализирани решенија за да Ви помогнеме да постигнете и одржувате здрава и убава насмевка. Во Артистико Дентал Естетик, вашето орално здравје е во сигурни раце!
Превентивната стоматологија е гранка на стоматологијата која се фокусира на спречување на појава на заболувања на забите и оралната шуплина. Нејзината главна цел е да се одржи здравјето на забите и непцата преку редовна грижа, навремени интервенции и примена на различни методи за заштита.
Конзервативната стоматологија е гранка на стоматологијата која се фокусира на превенција, дијагностика и третман на заболувања на забите, особено кариесот, како површински кариес така и третирање на воспаленија на нервот и околното забно ткиво ,оток на забите итн. (пулпити, периодонтити ) и зачувување на природните заби. Целта е да се зачува структурата и функцијата на забите, користејќи минимално инвазивни техники.
Фиксната и мобилната протетика се две главни области во стоматолошката протетика кои се користат за обновување на изгубени заби и подобрување на функцијата и естетиката на забите. Со протетските изработки се воспоставува континуирана забна низа со што се обезбедуваат: функција, естетика, фонација и заштита на преостанатите забни и орални структури, а со тоа и на целиот организам.
Добредојдовте во Артистико Дентал Естетик, каде Вашата насмевка е наш приоритет! Нашиот посветен тим на стоматолози е тука да Ви обезбеди врвна нега во пријатна и пријателска атмосфера.
Мој матичен стоматолог “Ви овозможува со испраќање на вашиот матичен број веднаш да направите избор на матичниот стоматолог со што уште ќе можете да ги користите привилегиите кои ви ги нуди Фондот за здравство.