Превентивната стоматологија е гранка на стоматологијата која се фокусира на спречување на појава на заболувања на забите и оралната шуплина. Нејзината главна цел е да се одржи здравјето на забите и непцата преку редовна грижа, навремени интервенции и примена на различни методи за заштита.
Што опфаќа превентивната стоматологија?
Откривање на проблеми во рана фаза, како што се кариеси, заболувања на непцата и сл.
Откривање на проблеми во рана фаза, како што се кариеси, заболувања на непцата и сл.
Примена на флуор за зајакнување на емајлот и намалување на ризикот од појава на кариес.
Тенок слој кој се нанесува на бочните заби за да се спречи навлегување на храна и бактерии во браздичките на забот.
Правилно четкање, користење конец за заби и уста за плакнење.
Ограничување на шеќерите и киселите храни кои ја оштетуваат забната глеѓ.
Со примена на правилни мерки за превенција од кариес и други заболувања, како и со редовни посети на стоматолог, се обезбедува долготрајно здравје на забите и се избегнуваат компликации кои може да доведат до посериозни стоматолошки проблеми.