Конзервативната стоматологија е гранка на стоматологијата која се фокусира на превенција, дијагностика и третман на заболувања на забите, особено кариесот, како површински кариес така и третирање на воспаленија на нервот и околното забно ткиво ,оток на забите итн. (пулпити, периодонтити ) и зачувување на природните заби. Целта е да се зачува структурата и функцијата на забите, користејќи минимално инвазивни техники.
Што опфаќа конзервативната стоматологија?
Отстранување на кариес од забната супстанца и негово надоместување со пломби .Пломбирањето на заби е со најсовремени стоматолошки материјали.
Враќање на изгледот и функцијата на забите со естетски пломби, белење на заби и корекции на помали оштетувања.
Апликација на флуор препарати за зајакнување на глеѓта.
- Залевање на фисури кај децата за превенција од кариес.
Ако кариесот е длабок, конзервативната стоматологија ги опфаќа и ендодонтските третмани (лекување) за спасување на забот.
Ултразвучното отстранување на конкременти (камен) и пигментации е безболна метода која треба да се изведува на секои 6 месеци, а кај некои пациенти и почесто. Исто така се врши и полирање на забите со абразивна полир паста и четка , со што се отсрануваат меките наслаги околу забите. Целта на редовното чистење на забниот камен и меки наслаги е одржување на здрав пародонт (потпорните ткива околу забот), со што се продолжува неговиот животен век воедно и оралното здравје. Доколку не се врши редовно, доаѓа до воспалување на пародонтот, кое најпрво се манифестира како гингивитис (воспаление на гингивата), а потоа продолжува во пародонтитис (воспаление на околниот пародонтален комплекс) т.е.пародонтопатија и постепено губење на забите.
Користење на композити или други материјали за враќање на функцијата и изгледот на забот.
Екстракцијата најчесто се врши во услови кога забот претрпел големо оштетување или распаѓање и не може да се спаси со третман на коренскиот канал, ниту пак со некоја друга стоматолошка метода. Напредна пародпнтопатија исто така претставува битен фактор кој придонесува кон потребата од екстракција. Друга битна причина за вадење на заб е кај дете, за да се овозможи простор за правилно растење на ново запче. За умниците или некој друг заб кој е оштетен може да има потреба од хируршка екстракција.