Артистико Дентал Естетик

Протетика - мобилна и фиксна

Фиксната и мобилната протетика се две главни области во стоматолошката протетика кои се користат за обновување на изгубени заби и подобрување на функцијата и естетиката на забите.

Со протетските изработки се воспоставува континуирана забна низа со што се обезбедуваат: функција, естетика, фонација и заштита на преостанатите забни и орални структури, а со тоа и на целиот организам.
Неопходно е изгубените заби да се надоместат, бидејќи по екстракција на забите се создава празен простор кон кој соседните заби имаат тенденција на поместување. Ова поместување на здравите заби кон празниот простор ја отежнува секојдневната орална хигиена, непцата се подложни на заболувања, можна е дополнителна загуба на преостанатите здрави заби заради преоптоварување, како и сериозни нарушувања во функцијата на зглобот и во џвакањето. Заради овие причини, неопходно е извадените заби да се надоместат со дентални мостови, коронки ,импланти или протези .

Со овие протетски надоместоци ќе се врати вашата насмевка, ќе се овозможи правилно џвакање и зборување, силите на џвакопритисок рамномерно ќе се распределат, со што ќе се намалат оптоварувањето и оштетувањето на здравите заби.

Фиксна протетика

Фиксната протетика опфаќа протетски надоместоци кои се трајно цементирани на забите или имплантите и не можат да се вадат од устата. Најчести видови фиксна протетика се:

Коронки

поединечни надоместоци кои го покриваат оштетениот заб.

Мостови

повеќечлени конструкции кои заменуваат еден или повеќе изгубени заби, потпирајќи се на соседните заби или импланти.

Видови коронки и мостови според материјалот:

Металкерамички заби

направени од метална подлога (обично легура на кобалт-хром или никел-хром) покриена со керамика (порцелан). Тие се издржливи и релативно достапни.

Циркониумски заби

направени од циркониум оксид, кој е многу јак и естетски попривлечен од метал-керамиката. Циркониумот е биокомпатибилен и транспарентноста му дава природен изглед.

Мобилна протетика

Мобилната протетика вклучува протези кои пациентот може да ги вади и става самостојно. Таа е решение за пациенти кои немаат доволно заби за фиксни конструкции.
Видови мобилни протези:

Акрилатни протези

Целосни или делумни протези направени од акрилатна смола. Тие се наједноставни, изработени се од тенок и мек материјал кој совршено се вклопува во устата на пациентот, интимно налегнува на гингивата и овозможува рамномерно пренесување на силите на џвакопритисок со што се намалува оптеретувањето на природните заби. За истите е поврзана со кукички доколку има преостанати заби или се држи на принцип на вакуум доколку нема преостанати заби во устата . Естетски е скоро невидлива , па затоа пациентите многу лесно се навикнуваат на говор и исхрана при нејзината употреба .

Скелетирани (визил) протези

Визил протезата е парцијална скелетирана протеза каде што скелетот на протезата е изработен од лиен биокомпатибилен метал . Површината на протезата е значително намалена и за разлика од акрилатните протези тие се потенки, понежни но поцврсти и постабилни во усната празнина. За преостанатите заби може да се прицврстува со помош лиени кукици или во комбинација со порцелански мостови каде што врската меѓу протезата и мостот е со атчмени (невидливи копчиња) кои не се гледаат , естетки се многу поприфатливи а овозможуваат цврсто лежење и одлична функција.

Флексибилни протези

изработени од меки и еластични материјали како Valplast. Тие се удобни и не содржат метал.